Дводневна конференција на тема „Културното наследство и туризам -Меѓународни стандарди и локален развој“

0
26
Ми претставува голема чест што денес имав можност да се обратам на дводневната конференција на тема: „Културното наследство и туризам – Меѓународни стандарди и локален развој“, која се одржува во Охрид по повод 18 април – Денот на културното наследство на УНЕСКО.
Уверен сум дека презентациите на научните согледувања и дебати, кои ќе бидат дел од овој научен собир, ќе дадат значителен придонес во креирањето на нашите стратегии, особено во областа на туризмот и заштитата на културното наследство и зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО.
Конференцијата на која учествуваат врвни експерти од повеќе области е поделена на четири дела и обработува конкретни теми за потенцијалите, перспективите и капацитетите на културното наследство, во делот на туризмот, економскиот развој, градење на брендови и следење на современите стандарди.