Бектеши на средби во Белата куќа за енергетска безбедност: Ја потврдивме взаемната посветеност за енергетската диверзификција на Балканот

Министерот за економија Крешник Бектеши за време на неговата официјална посета на Соединетите Американски Држави се сретна со водечки личности во Белата куќа како и во Стејт департментот.

На средбите како една од најважните теми и со посебен акцент беше енергетската безбедност во регионот.

“САД и Северна Македонија се посветени на зајакнување на партнерството во транзиција и производство на обновливи извори на енергија” – напиша министерот за економија Крешник Бектеши.

Извор: Влада

фото: Влада