Боки 13 претепан во „Идризово“,итно однесен во болница

0
298

Три лица го претепале Боки 13 во дворот на затворот „Идризово“, објави А1он.

Со повреди во пределот на главата, рацете, но и во абдоменот каде веќе имаше здравствени проблеми, бил пренесен и задржан на лекување во болница.

„Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

 

skopjeinfo.mk