Настани на денешен ден, 29 октомври

0
164

1923 Турција е прогласена за република — Национален ден на Турција.

1944 Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.

1994 По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот.

2013 Пуштен во употреба железничкиот тунел „Мармарај“ преку потокот Босфор што ги поврзува Европа и Азија.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија