Влада: Произведени 14.007 MWh струја изминатото деноноќие, 100% покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 06.11.2022 година произведе 14.007 MWh електрична енергија.

Во Термоелектраните произведени се 8.891 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.116 MWh.

АД ЕСМ на 06.11.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 06.11.2022 година.

извор: Влада