Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од новоименуваната американска амбасадорка Ангела Агелер ги прими акредитивните писма, со што таа може да започне со својата дипломатска мисија во Скопје.
„Очекувам со искуството на амбасадорот да придонесеме за натамошно зајакнување на билатералните односи и продлабочување на соработката. Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави веќе почна да дава резултати, унапредувајќи го повеќегодишното стратешко партнерство и сојуз во рамките на НАТО Алијансата
Со нетрпение очекуваме да продолжи американската поддршка за демократскиот развој на земјата и процесот на европска интеграција, како важна инвестиција за севкупната регионална стабилност и напредок“, објави Османи на Фејсбук.
извор: ФБ Бујар Османи