Повеќе од 27 илјади граѓани од ризичните групи се пријавиле за бесплатната вакцина против сезонски грип

Повеќе од 27 илјади граѓани од ризичните групи се пријавиле за бесплатната вакцина против сезонски грип. Утре почнува имунизацијата во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите, информира Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден преку Мој Термин се испратени над 12 илјади покани преку смс со известување за терминот и пунктот за вакцинирање.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

фото: Архива