Министерот за правда, Никола Тупанчески, вели дека времето ќе покаже дали обвинувањата за поврзаноста на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази со ДУИ имаат реална основа или не, објави 360stepeni.mk.
Коментарот на Тупанчески доаѓа откако вчера се појавија фотографии на Абази со функционери од ДУИ откако обвинителот тврдеше дека нема лични контакти со интегративците.
„Ги видов и тие фотографии кои имплицираат дека избраниот обвинител има некаква конекција или комуникација со претставници на одредена политичка партија. Никогаш не може до крај да се неутрализираат, најважно е дека практично времето ќе биде главниот фактор кој ќе покаже дали навистина овие хипотези и претпоставки што се пласираат по неговиот избор имаат реална основа. Практично, комуникацијата не може да биде исклучена, но најважно е да не биде злоупотребена, одговори Тупанчевски на новинарско прашање.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk.