(ВИДЕО) Додека вие спиете – ЈП “Охридски Комуналец” ги мие улиците

Во рамки на редовното одржување на локалните улици, патишта и пешачки патеки, ЈП “Охридски Комуналец” врши миење со цистерна согласно програмата за јавна чистота, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Во вчерашниот ден беа опфатени улиците „Македонски просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Кеј Македонија“, „Асном“, „7ми Ноември“, „Сирма Војвода“, „Питу Гули“, „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“, „Булевар Туристичка“, „Железничка“, „Егејска“, пешачката патека канал „Студенчишта“. Миењето на улиците се одвива секој ден во неделата доколку временските услови го дозволуваат тоа.
Апелираме до граѓаните да внимаваат со паркирањето на возилата, како би се вршело непречено миење на улиците и воедно да не се дојде до оштетување на возилата.

извор: ФБ Кирил Пецаков