Новак Ѓоковиќ денеска го совлада Данило Медведев со 2:1, по сетови 6:3, 6:7 и 7:6 и обезбеди пласман во полуфиналето на АТП финалето кое се игра во Торино, Италија, но има многу се зборува за тоа што и се случи на српскиот тенисер во вториот сет.
Новак Ѓоковиќ го победи Данило Медведев и го испрати дома, а српскиот тенисер полуфиналето на АТП финалето ќе го игра против Американецот Тејлор Фриц. Ѓоковиќ лесно го зеде првиот сет со 6:3, но Медведев се врати во вториот, кој успеа да го добие во тај-брејк со 7:6.
Сепак, на крајот од вториот сет Ѓоковиќ создаде вистинска драма и сцените беа навистина морничави за гледачите во салата, но и за оние покрај екранот.
Исцрпениот Новак изгледаше страшно. Седеше на клупа, се тресеше како да има треска и се обиде да се опорави полевајќи се со вода.
Тој потроши доста енергија и на крајот славеше со 6:3, 6:7(5) и 7:6(2). На една пауза камерите уловија момент во кој додека Новак се бришеше со крпата рацете му се тресеа. Веднаш почнаа информации дека можеби тоа е резултат на некаква болест, но Новак одговори на тоа.
„Тоа беше умор од напорната битка. Тоа е се што можам да кажам. Нема болест. Тоа беше само општа физичка исцрпеност после долгите размени и поради должината на играта. Имав слободен ден меѓу натпреварите, па така влегов свеж во дуелот. Сепак, бев малку нервозен пред мечот со еден од најдобрите играчи на светот, топ ривал како Медведев.
A gruelling encounter 🥵#NittoATPFinals pic.twitter.com/2ArIk6iNbh
— Tennis TV (@TennisTV) November 18, 2022
dailyzonews.com