Завршија работните активности за реконструкција на тоалетите во подрачниот училишен објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.
Извршена е нивелација на подовите во тоалетите, поставени се нови подни плочки и извршена е демонтажа и монтажа на санитраните елементи.
Активностите се реализирани со средства од буџетот на Општина Охрид во рамки на Програмата за капитални инвестиции во областа на основното образование.
општина Охрид