Шеикот Тамим Бин Хамад Ал Тани кој го отвори Мундијалот во Катар, е најмоќниот човек во земјата. Со години го привлекува вниманието на светската јавност, а повторно ги заинтригира кога за време на свеченото отворање на стадионот „Ал Бајт“ му бакна рака на својот татко и фотографиите беа објавени на светските медиуми.
Ал Тани е познат како голем љубител на спортот и иако Мундијалот во Катар е проследен со критики за човековите права во оваа земја, тој го карактеризира како безобразна кампања против неговата земја.
Ѓеикот е роден во главниот град на Катар како четврти син на поранешниот емир Хаман бин Калифа Ал Тани и неговата втора сопруга. Иако не беше првиот во низата за преземање на тронот, поради своите способности успеа да се избори за ова место. Пре да го замени татко му, успешно се занимавал со политика, но не бил на високи позиции.
Во 2004 се жени во првиот брак со ќерката на шеикот Ал Мајас а интересно е што само со неа се појавува во јавноста. Од овој брак има две ќерки и два сина.
во 2008 се жени по втор пат за ќерката од поранешниот катарски амбасадор во Јордан . Со неа има три ќерки и два сина. Пред неполни осум години шеикот се оженил по трет пат каде од овој брак има три сина и една ќерка.
reporter.mk