За неполни 12 години банките заработиле над една милијарда евра

0
231

За неполни дванаесет години, од 2011 година до сега, домашните банки заработиле над една милијарда евра ‒ покажува анализата на порталот Пари. Бројките говорат дека профитите на банките драстично растат од 2016 година наваму, па во тој период тие немаат годишна заработувака помала од 100 милиони евра, за разлика од претходните години, кога профитот на банките бил од 20 до 74 милиони евра. Дека се недопирливи за кризата покажаа и пандемиските години, кога заработувачката на домашните банки убедливо порасна. Така, во пандемиската 2020 година тие оствариле профит од 118 милиони евра. Наредната, 2021, година на свое конто на име профит ставиле дополнителни над 30 милиони евра и годината ја завршиле со рекордна заработувачка од 149 милиони евра. А годинава се на пат да го срушат и тој рекорд. Само за девет месеци од годинава профитот на домашните банки е неверојатен и изнесува 131 милион евра, покажува статистиката на Народната банка. Тоа е за 13 милиони евра повеќе од добивката која ја оствариле во истиот период минатата година, кога заработиле 117 милиони евра. Резултатите за деветте месеци покажуваат дека ако продолжат со ова темпо, до крајот на годинава банките ќе постават историски рекорд по заработувачка откога постои банкарскиот систем во земјава.

 

ДОБИВКА ПО ГОДИНИ

 

 

НАРАЧАТЕЛ

НОСИТЕЛ НА НАБАВКА

1‒9.2022 ГОДИНА   

131 МИЛИОНИ ЕВРА

2021 ГОДИНА

149 МИЛИОНИ ЕВРА

2020 ГОДИНА

118 МИЛИОНИ ЕВРА

2019 ГОДИНА  

109 МИЛИОНИ ЕВРА

2018 ГОДИНА   

136 МИЛИОНИ ЕВРА

2017 ГОДИНА   

106 МИЛИОНИ ЕВРА

2016 ГОДИНА   

103 МИЛИОНИ ЕВРА

2015 ГОДИНА   

75 МИЛИОНИ ЕВРА

2014 ГОДИНА   

51 МИЛИОНИ ЕВРА

2013 ГОДИНА   

37 МИЛИОНИ ЕВРА

2012 ГОДИНА   

24 МИЛИОНИ ЕВРА

2011 ГОДИНА   

19 МИЛИОНИ ЕВРА

 

ВКУПНО: НАД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА

 

ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА БАНКИТЕ ЗАРАБОТИЈА 131 МИЛИОН ЕВРА

 

Податоците на Народната банка покажуваат дека за три месеци, од јуни до септември годинава, профитот на домашните банки пораснал за неверојатни 42 милиони евра. Заклучно со јуни заработувачката на банките беше околу 89 милиони евра, а заклучно со септември се искачи на 131 милион евра.

 

Бројките покажуваат дека за девет месеци од годинава банките наплатиле неверојатни 360 милиони евра од граѓаните и компаниите на име камати, провизии и надоместоци. Па така, вкупно наплатиле 241 милион евра од камати, од кои над 131 милион биле наплатени од џебот на граѓаните. Сепак, откако ги минусирале расходите, на банките им останале нето-приходи од камати од над 205 милиони евра. Неверојатен раст има кај ставката провизии и надоместоци. Вкупно наплатиле 119 милиони евра, а како нето-приходи им останале над 74 милиони евра.


Она што е интересно, банките за деветте месеци од годинава наплатиле за 14 милиони евра повеќе од камати и 14 милиони евра повеќе од провизии од истиот период лани. А наплатата од провизии, пак, во однос на истиот период од 2020 година, им рипнала за неверојатни 44 милиони евра.

 

ДОБИВКА 01-09.2022 ГОДИНА

ДОБИВКА 01-09.2021 ГОДИНА

131 МИЛИОН ЕВРА   

117 МИЛИОНИ ЕВРА

 

 

НЕТО-ПРИХОДИ ОД КАМАТИ  01-09.2022

ДОБИВКА 01‒09.2021 ГОДИНА

205 МИЛИОНИ ЕВРА

188,6 МИЛИОНИ ЕВРА

 

 

НЕТО-ПРИХОДИ ОД ПРОВИЗИИ 01-09.2022 ГОДИНА

НЕТО-ПРИХОДИ ОД ПРОВИЗИИ 01-09.2021 ГОДИНА

74 МИЛИОНИ ЕВРА       

66,7 МИЛИОНИ ЕВРА

 

Извор: Народна банка

 

Најголемата заработувачка во банкарскиот сектор завршила кај петте големи банки. Од вкупната добивка од 131 милион евра на контото на големите банки на име профит за девет месеци се слеале речиси 120 милиони евра. Средно големите банки прикажале профит од 9 милиони евра, а малите од речиси 1,8 милиони евра.

 

Целата анализа е достапна на: Пари.