Акција за темелно чистење на тротоарите ул.Живко Чинго до спортската сала во с.Велгошти; Подигнати наносите од земја, песок , расфрланиот цврст отпад и отстранета ниската вегетација
✅Од речното корито на река Сушица по нејзиното течение до ул.Железничка и суводолицата од село Рача до пешачката патека кај канал Билјанини Извори подигнат е расфрланиот цврст отпад од речните корита кој несовесни граѓани го депонирале несоодветно и отстранета е дивата вегетација
✅Со тоа превентивно во престојниот период ќе се обезбеди непречен проток на речните води и ќе се избегне можноста од излевање.
извор:ЈП Охридски Комуналец