Јаневска: Што правеше МОН и сите негови челници изминатите 6 години? Ништо, книги за децата не можеше да обезбеди, а не домови да реконструира или редовно да исплатува стипендии

0
165

Денес на улица излегоа студентите, да ги побараат своите права. Со вакви влади предлагам секоја година да има избори, за да може студентите и учениците да си ги остварат правата, напиша на фејсбук професорката Весна Јаневска.

Министерот, замислете Министерот од кој зависи исплатата на нивните стипендии, условите во студентските домови и се’ што опфаќа студентскиот стандард ги подржува, вербално се разбира. Бидејќи е ова изборна година итно им ги исплатил заостанатите стипендии, ветува редовна исплата, а за оваа година предвидува и реконструкција на студентските домови. Вода нема, ни студена, ни топла, канализација во распад, парното не работи, лифтовите не работат, а исхраната во мензата се труделе да биде разновидна. Студентскиот оброк посебна приказна, ако го искористиш до 24 часот во ред, ако не, не останува за утре. На учениците не им се исплаќа помошта соодветно. Кој ќе добие помош, кој не, како кому среќата му работи. Арно ама бидејќи е изборна година Министерот ги подржува и во месеците пред избори ќе исплаќа, ќе реконструира, на секој можен начин ќе поткупува. Можеби и двете згради во дворот на УКИМ ќе почне да ги доградува.

Што правеше МОН и сите негови челници изминатите 6 години? Ништо, Книги за децата не можеше да обезбеди, а не домови да реконструира или редовно да исплатува стипендии.