Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Градоначалникот на Гостивар и претседател на АА, Арбен Таравари попладнево преку фејсбук се огласи за пронајдениот куршум утрово пред влезот на семејната куќа.

„Како што можевте да видите од медиумите, државните полициски сили денеска беа кај мене дома, бидејќи беше пронајден куршум испукан со јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство, особено за мајка ми, која посебно лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за оние политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да замолчат нечиј глас се куршуми, куршуми кои ме потсетуваат на Италија во 1992 година кога мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе…Но, за тоа ми е жал…тука завршува мојата тага и започнува мојата радост затоа што разбирам дека тие што ја држеа оваа земја во заложништво се во очај од пораз! Секој кој ќе остане без зборови, а му останал само куршум е во голема неволја…Кој и да го испукал тој куршум, му велам: и да испукаш тешка артилерија, ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕМА ШТО ДА СЕ ЗАПРЕ! Можеш да ме убиеш, а тоа би било голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова…Но, вие би убиле само еден човек, а што ќе направите со илјадници, стотици илјади и милиони…Не можете да замолчите, убивате, запрете народ!“, напиша Таравари.