Далиќ по натпреварот им се поклони на навивачите

ХРВАТСКИОТ селектор Златко Далиќ им се поклони на хрватските навивачи на стадионот во Катар откако го совлада Бразил и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Далиќ со овој гест потсети на потегот на јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу, кој го стори истото кога неговата Јапонија беше елиминирана од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство.

Хрватските навивачи гласно навиваа во текот на целиот натпревар, па тренерот на ваков начин им возврати. И второ првенство по ред, Хрватска ќе ја гледаме во полуфинале. Овој пат таа стигна со нокаутирање на првиот фаворит за освојување на турнирот. Противник на Хрватска во борбата за второ последователно финале ќе биде подобриот од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија кој се игра во моментов.

 

На тој начин Хрватска стана само втората репрезентација во историјата која четири пати изведувала пенали на Светското првенство и секој пат победувала. Тоа го направи двапати во Русија, двапати во Катар. Единствените кои сè уште можат да се пофалат со тоа се Германците.

 

index.hr