Манданата – Стефан Мандалов, македонски револуционер

 

Роден е 1875 г.во Стојаково.

Завршил шест оделенија од католичко средно училиште во Зејтинлак во Солун па бил учител во село Богородица и Серменин.

Скоро целата негова фамилија е вклучена во борбата . Бил задолжен за чување и распоредување на оружјето во Стојаково.

Братот на МАНДАНАТА ,Димитар- Мито бил Илинденец и се борел во Крушево.

Синот на Манданата, Стојан роден во 1897г. бил Гевгелиски автономистички војвода и убиен е од Србите во 1933г.

Манданата загинува во Септември 1903г. во борба со турците во село Мишино- Кочанско на свои 26 години.

Последните зборови му биле:

“Кажете и на Македонија дека сум ја завршил должноста.Да живее слободна

Македонија.”

Прекарот Манданата го добил по турскиот збор мандана- што значи бивол.Стефан

купил биволи за да ја обработува земјата и по нив го добил прекарот .

Неговиот лик и дело ги толкува легендарниот Петре Прличко во филмот „Мис Стон“

FB -патувања низ Македонија