Интензивно се работи на реконструкцијата на улицата „Македонски просветители“. Новиот изглед плени. На реконструираниот дел поставено е и ново осветлување.
Инаку на првиот дел што веќе е реконструиран се среди подземната инфраструктура, по што беше асфалтирањето на потегот пред Поштата и Амамот.
Во моментов се реконструира вториот дел од улицата, делот пред Основниот Суд.
Неодамна беа поставени гранитни камени коцки со димензии 10/10/10 см. Гранитни камени коцки се поставуваат и на тротоарите со димензии 5/5/8см.
„Веќе е поставена атмосферска канализација, а според планираното, улицата ќе има две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека и ново улично осветлување.
Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.