(ФОТО) Целото семејство се грижи за тешко болниот Брус Вилис

АКТЕРОТ Брус Вилис се пензионираше на почетокот на оваа година откако дозна дека боледува од сериозна и неизлечива болест, афазија, и оттогаш е дома и ги поминува деновите со своето семејство.

 

За Вилис, чија состојба наводно се влошува, моментално се грижи целото негово семејство, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур и нивните три ќерки Рамер, Скаут и Талула. Со нив е неговата сегашна сопруга Ема, како и нивните ќерки Мејбел и Евелин и сите одлично се сложуваат, што може да се види од најновата објава на Деми Мур на Инстаграм.

Сите се собрале  на заедничка вечера, а Деми заедно со сликите оставила и порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Ние сме семејство. Влегуваме во празничниот дух“, напиша Деми Мур, а Ема и се јави во коментарите и напиша: „Каква забавна вечер“.

 

За потсетување, семејството на Вилис на крајот на март потврди дека му била дијагностицирана афазија, катастрофална состојба на мозокот што може да доведе до губење на способноста за разбирање или изразување говор. Вилис целосно се повлече од јавниот живот и од неговото пензионирање речиси капка по капка излегуваат информации за неговото здравје.

 

ndex.hr