Минерал заробен во дијамант откриен од долниот плашт на Земјата

Група истражувачи тврдат дека откриле редок минерал кој доаѓа директно од долниот плашт на Земјата, кој се наоѓа помеѓу јадрото и кората на планетата.

Откритието изненадува бидејќи никој не очекувал да најде таков минерал на површината на Земјата. Меѓутоа, минералот е заробен во дијамант и се претпоставува дека „патувал“ од длабочина од 412 метри во долниот плашт.

Минералот, кој бил наречен дејвмоит, сочинува 5-7 отсто од материјалот во долниот плашт на Земјата и е еден од најзначајните минерали во тој дел.

Тој има способност да ги чисти радиоактивните изотопи на ураниумот, ториумот и калиумот, кои создаваат голема топлина во плашт. Затоа, минералот игра клучна улога во движењето на топлината под површината на Земјата и помага во контрола на префрлањето на топлината од плашт до кората.

Досега минералот не бил забележан во природата бидејќи природно се разложува кога не е во околина со висок притисок. Дијамантот во кој бил заробен минералот бил ископан пред децении во Боцвана, но неодамна бил купен од страна на американски геолози.

 

fakulteti.mk