Во Скопје, Кичево, Квадарци и Струмица стапија во сила мерки против загадувањето

На мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, како и во Кичево, Кавадарци и Струмица регистрирано е надминување на вредноста на загадувачки супстанции од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови, поради што стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според податоците на МЖСПП, на мерното место во Скопје во Центар во четвртокот се измерени концентрации на загадувачки честички од 160,34 микрограми на кубен метар, а вчера 248,51 микрограми на кубен метар, а во Лисиче во четвртокот 189,94 микрограми на кубен метар, додека вчера – 259,01 микрограми на кубен метар. Во Кичево пак се измерени концентрации на загадувачки честички од 178,04 микрограми на кубен метар во четвртокот и 171.13 микрограми на кубен метар вчера, во Кавадарци 155,28 микрограми на кубен метар (четврток) и 154,80 микрограми на кубен метар (петок), а во Струмица 188,51 микрограми на кубен метар (четврток) и 244,12 микрограми на кубен метар (петок).

 

nezavisen.mk