Ангелов: На околу стотина метри од пожарот наверојатно има садови со експлозив – мора да го прекинеме прекинеме ширењето

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов од местото на пожарот во Тетово инфомираше дека добиени се хеликоптери од МВР со чија помош се истури вода на објектите од „Македонија Табак“ каде има пожар од 9.30 часот утринава.

Се уште се работи на локализирање на пожарот.

-Во Тетово утрово имавме појава на голем пожар кој се уште не е локализиран. Се работи за фабрика во која што меѓудругото картони, гипс картони и други материјали бидејќи постои опасност од загадување на воздухот побаравме да биде извршена анализа на воздухот, на квалитетот на воздухот за да провериме дали здравјето на граѓаните е загрозено. Се уште чекаме информации, почетните информации се дека нема отровни гасови што би биле непосредно загрозувачки бидејќи ние стоиме во непосредна близина.Доколку гасовите се отровни, ние не би можеле да стоиме овде, но тоа не значи дека овие гасови неможат да бидат штетни, изјави Ангелов.

Од страна на ЦУК се активирани сите надлежни институции.

– Имаше прашања зошто порано не сме дејствувале со пожар, не дејствуваме пред се поради две причини бидејќи објектот има покрив, а под покривот има плоча. Колку и да фрла хеликоптерот вода, водата неможе да продре преку покривот и плочтата. Хеликоптерот го употребивме тогаш кога проценивме дека може да помогне во сечење на линијата на пожарот за да продолжи неговото ширење. На одредено растојание околу стотина метри од местото каде што е пожарот наверојатно има садови со експлозив, со експлозивни гаосви, односно плин или други деривати на плинот. Наша цел е пожарот да го прекинеме неговото ширење и сметам дека тоа веќе успешно се прави, потенцира Ангелов.

Покрај ТПЕ од Тетово има цистерни од Скопје, Гостивар и по потреба од друг градови. Воедно побарана е поддршка и од АРМ.

извор: Сител 

фото: ЦУК