На Аца Лукас му се слошило на концерт во Охрид

Познатиот српски пејач Аца Лукас го прекина концертот во Охрид и на публиката и кажа дека не се чувствува добро и не може да пее.

„ Ќе направиме пауза ! “ изусти Аца Лукас синоќа од сцената во еден ноќен клуб во Охрид и после тоа не се врати повеќе да пее. Неофицијално дознаваме дека на Ликас му била укажана и медицинска помош и тој примал инфузија.

Но ни инфузијата не го „повратила“ и концертот не продолжил. Пред два дена повеќе медиуми во Србија јавија дека Аца Ликас ги откажал закажаните концерти од здравствени причини, но тој сепак се појави во Охрид.