На 30.12.2022 во 10.50 часот на клучка Прдејци, на автопатот Скопје – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Џ.К.(51) од Косово. При контрола во возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а- кар агенција, кое тој го управувал, биле пронајдени пет лица- мигранти од Индија.
Џ.К. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: МВР