(ФОТО) Селма Хајек негира дека ставила нови силикони

Селма Хаек

 отсекогаш важела за една од најубавите актерки во Холивуд, а последниве неколку години многу почесто се зборува за нејзиниот изглед отколку за нејзините улоги и за професионалниот успех.

Нејзините бујни гради повторно го украле сето внимание на папараците, кога неодамна се појавила на доделувањето „Златни глобуси“, што не е ни чудно со оглед на тоа што нејзиното бујно деколте било ставено во прв план.

Селма позирала во долг, божествен фустан на „Гучи“ и иако се чини дека актерката ја довела својата фигура до совршенство, откако ослабела уште повеќе, нејзините гради се поголеми од кога било претходно!

Всушност, многумина коментирале дека нејзините гради изгледаат како „два огромни балони“, дека претерала и дека не ѝ прилегаат на нејзината градба, а на социјалните мрежи се шират разни теории. Меѓутоа, Селма ги негира сите наводни операции.

Таа се огласила минатата година во емисијата Red Table Talk и истакнала дека деколтето ѝ станало побујно, како еден од симптомите на менопауза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

 

zenskimagazin.mk