Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена поминаа многу родендени заедно и ќе поминат уште многу.
Тие двајца се заедно уште од тинејџерските денови и поминаа низ подеми и падови во неговата кариера.
Јелена во јуни полни 37 години, на што Ѓоковиќ симболично потсети во две заеднички романтични и приватни фотографии од неговата колекција.
„37 се чувствува како рај“, ѝ напишал Новак на сопругата со која има две деца, синот Стефан и ќерката Тара.
Новак неодамна го освои рекордниот 23. Грен слем трофеј на Ролан Гарос и стана најтрофејниот на најголемите турнири, а Јелена беше со него во еден од најголемите моменти во кариерата.
Таа на трибините на стадионот „Филип Шатриер“ го следеше мечот во кој нејзиниот сопруг го победи Каспер Рудо и стана првиот со 23 титули.