Почина легендарната актерка Ракел Велч

0
234

Славната холивудска актерка Ракел Велч почина на 82-годишна возраст по кратко боледување.

Таа се прослави со нејзините улоги од 1960-тите во Fantastic Voyage и One Million Years BC, брзо станувајќи една од најбараните ѕвезди во филмската индустрија.

Нејзиното семејство ја потврди трагичната вест за ТМЗ, велејќи дека таа починала утрово.

Ракел ја доби наградата Златен глобус за најдобра женска улога во филмот „Тројцата мускетари“ од 1974 година.

Во филмот „Еден милион години пред Христос“, таа се појави во оскудно бикини од еленска кожа што и донесе статус на секс симбол. Неколку децении подоцна, таа откри дека „за малку ќе умрела“ на снимањето на филмот откако се разболела од тонзилитис додека носела оскудни бикини на суровите временски услови.