Олдтајмерот на Мерцедес-Бенц е продаден за 142 милиони долари, со што стана најскапиот автомобил на светот, известува Агенција Анадолија (АА).
Аукциската куќа „Сотбис“ објави дека возилото е продадено на неименуван колекционер на автомобили на аукција во Германија на 5 мај.
Со оваа продажба урнат е досегашниот рекорд од 48,4 милиони долари, цена за која во 2018 година беше продаден автомобилот Ферати 250ГТО од 1962 година.
Станува збор за Мерцедес-Бенц 300 СЛР „Уленхаут купе“ од 1955 година, кој беше еден од само двата прототипа што ги произведе тркачкиот оддел на Мерцедес-Бенц.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).