Поништени гласови на шест земји на Евровизија

Европската радио-дифузна унија – ЕБУ ги објасни причините за поништувањето на гласовите на: Азербејџан, Грузија, Полска, Романија, Сан Марино и Црна Гора во второто полуфинале.

Се наведува дека членовите на жирито на наведените шест држави ги ставиле истите тие земји-учеснички на врвот на листата, со исклучок на својата земја, бидејќи не можат да гласаат за свој претставник, додека повеќето членови на комисиите на други држави истите ги рангирале под осмото место, објави Нова Македонија.

ЕБУ објави дека обрасците на гласање не сево согласност со правилата на натпреварот. Како што се наведува, забележано е дека во второто полуфинале, 4 од шест жирија меѓу најдобрите пет песни ги ставиле земјите од горе наведнеите, а една комисија пет од овие земји ставила меѓу најдобрите 6, додека друга 4, а петтата земја ги вброила во првите 7.

Според ЕБУ, образецот на гласањето го утврдил партнерот што ја следел регуларноста, а го потврдило независно тело кое го следело гласањето, бидејќи 5 од шесте змеји биле рангирани под осмото место кај членовите на жиријата на преостанатите земји кои се натпреварувале во второто полуфинале на „Евровизија“, како и кај жиријата на Германија, Велика Британија и Шпанија, кои исто така гласале во текот на втората полуфинална вечер.

Се додава дека 4 земји биле рангирани меѓу последните 6 и оти станува збор за нерегуларност без преседан.

Текстот во целост на: Нова Македонија

фото: EBU