Албанија купи противтенковски ракети Џавелин за да ја зајакне својата одбрана, соопшти денеска министерот за одбрана на таа земја Нико Пелеши.
Во соопштението се наведува дека Албанија склучила договор со американската компанија Локт Мартин, но не се наведува бројот на проектилите, цената и кога ќе бидат испорачани.
Пелеши рече дека целта на купувањето на ракетите е модернизација на армијата.
-За да не дојде до паника, нема конкретна закана. Ние сме земја членка на НАТО и прашањето за националната безбедност е решено. Заштитени сме, рече министерот.