Ќерката од Цеца, Анастасија ја раскина врската со фудбалерот Гудељ

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се во врска повеќе од половина година а пејачката во неколку наврати откри дека е среќна и исполнета, но сега сите се прашуваат дали раскинале поради тажните стихови кои пејачката ги објави на својот Инстаграм.

Доаѓањето на Немања Гудељ во Србија требаше да биде еден од најубавите моменти за Анастасија Ражнатовиќ, но се чини дека не е така. Сите фанови се надеваа на заеднички фотографии, прегратки, бакнежи, но сега се шокираа по нејзината објава…

На Инстаграм профилот младата пејачка објави тажни стихови а фановите се прашуваат дали тоа значи дека дојде крајот меѓу неа и нејзиното момче бидејќи се шпекулираше дека имале сериозни проблеми во врската…

Веќе некое време сите се сомневаат дека причината за несогласувањата е врската помеѓу Анастасија и мајката на Немања.

Фудбалерот не крие дека Оливера Гудељ му е најважната поддршка, но и советник во сите приватни одлуки.

„Таа ме научи на живот“,  напиша еднаш во јавна порака фудбалерот.

Првите недели и месеци од љубовта на Анастасија со фудбалерот беа исполнети и со идилични односи со Оливера и сестрата на Немања, Вања.

 

mama.glamur.mk