(ВИДЕО) Стадо овци во Кина кружат 12 дена без престан

0
382

Видеото од стадото овци во Кина кое 12 дена кружи без престан стана вирално на социјалните мрежи.

Очекувано, сликата со овците предизвика возбуда додека сите се обидуваа да откријат што ги тера да се движат во круг.

Сопственикот на фармата, според Дејли Мејл , рекол дека се започнало со неколку овци, но брзо се приклучиле и другите членови на стадото.

Она што е уште почудно е што на фармата има вкупно 34 групи овци, но кружното движење го правеле само оние од групата под број 13.

За причината што ги тера овците да се движат во круг цели 12 дена некои кинески експерти потсетија дека болеста листериозата може да ги дезориентира животните и да ги натера да кружат и кружат.

 

slobodenpecat.mk