Терористката која постави бомба во Истанбул, девет дена пред нападот го разгледувала подрачјето

0
245

Терористката Ахлам Албашир, која постави бомба на улицата „Истиклал“ во истанбулскиот кварт Бејоглу, девет дена пред нападот дошла да го разгледа подрачјето, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според добиените информации, продолжува истрагата што ја води Основното јавно обвинителство на Истанбул во врска со бомбашкиот напад изведен на улицата „Истиклал“ на 13 ноември, во кој загинаа 6 лица, а 81 лице се повредени.

Во рамки на истрагата пронајдени се видеоснимки од безбедносни камери, на кои можат да се видат моментите кога терористката Ахлам Албашир, која го изврши бомбашкиот напад, врши извидување на улицата „Истиклал“.

Албашир, облечена во фармерки и со марама, се движи по улицата околу 17:30 часот на 4 ноември.

На снимките се забележува како терористката Албашир при извидувањето на местото држи роза во раката, исто како и дента кога ја постави бомбата.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).