Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре повторно во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места, а ќе биде и поладно од вообичаеното за месец мај. На највисоките планински места на северозападот и на западот од државава ќе има врнежи од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Повремени врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец утре ќе има и во Скопскиот регион.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат под просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени,стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.