(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време, АПЕЛ оставајте во садови вода

0
108

Видео од изнемоштен штрк кој паѓа на земја и колабира поради топлото време беше објавено на социјалната мрежа Фејсбук на страницата за Хуманитарни акции во Македонија.

На видеото се гледа како еден од жителите му дава вода на штркот и го прска по телото, по што тој се освестува. Спасувачот на штркот, според објавата, е Мики Станојковиќ од Богородица, гевгелиско.

„Апел до сите да оставаат во садови вода на места каде што нема река, извор или чешма“, се вели во објавата на Фејсбук.