Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожар што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце. При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.