Во судир на автомобил и возило на Војската на Србија: Настрадаа татко и три деца

Петчлено семејство денеска околу 13 часот и 10 минути загина во тешка сообраќајна несреќа кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, во судир учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС на српските вооружени сили.

Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, јави РТС.

Според директорот на Општата болница во Краљево, Зоран Мрвиќ, лекарите се борат за живот на едно лице.

Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција.