Новитет, за што служи брановидната патна сигнализација?

0
255

ДРУГА новина на европските патишта е брановидната хоризонтална сигнализација, чија цел не е сосема јасна.

 

И додека „змејските заби“ како попречните бели линии и 3D ознаките на пешачкиот премин се наменети за подобрување на безбедноста во сообраќајот, малкумина ќе го заклучат истото за оваа брановидна линија. За разлика од претходните решенија кои беа ефективни во однос на безбедноста, или со поголема видливост или со тенденција за намалување на брзината, ефектот на брановидната линија не е целосно јасен, а уште помалку успешен.

За ова се свесни и жителите на Кливедон, недалеку од Бристол. По реставрацијата, тамошниот крајбрежен пат доби нов асфалт, како и нова хоризонтална сигнализација. Патот стана еднонасочен, а доби и посебна велосипедска патека во должина од 400 метри. Тоа е дел од планот за создавање врска долга 21 километар со градот Вестон Супер Маре, составена од шеталиште, велосипедска и коњаничка патека, пишува Би-Би-Си.

 

Работите се уште не се завршени, а мештаните се целосно разочарани од новиот изглед на коловозот. Иако велосипедистите беа отстранети од шеталиштето, сега многумина се збунети од начинот на регулирање на сообраќајот, како и од новите ознаки на асфалтот.

Повеќе од 6.000 локални жители веќе потпишаа петиција против измените. Иницијаторите на петицијата велат дека новата конфигурација на коловозот ќе го оштети бизнисот на крајбрежјето поради откажувањето на паркирањето, но и дека има премалку велосипедисти за да може да се оправда посебна велосипедска „патка“.

Кога станува збор за брановидната линија, Советот на Северен Сомерсет објаснува дека брановидната линија има за цел да ја поттикне оптичката илузија на стеснување на патот за возачите кои доаѓаат од спротивната страна, како во случајот со „забите на змејот“. Дополнителен ефект треба да биде и спречувањето на паркирање на овие локации. Воедно од советот потенцираат дека ознаките на коловозот се уште не се завршени.

 

Советот издаде соопштение: „Брановите линии се дизајнерска карактеристика што создава неконвенционална средина на автопат со комбиниран ефект на забавување на сообраќајот и обесхрабрување на паркирањето покрај патот“.

Малку е неочекувано ваквата линија да се постави во зона каде што е дозволена максимална брзина од 32 км/ч, нели?

 

 

index.hr