(ВИДЕО) Масовна тепачка во парламентот на Тајван – пратеници се здобиле со потрес на мозокот, скршеници и други повреди

0
88

На седницата на т.н на тајванскиот парламент, во петокот избила масовна тепачка, при што членовите се здобиле со потрес на мозокот, скршеници и други повреди, пренесува rt.com.

Имено, пратениците се собраа да расправаат за предлогот на локалната опозиција да се криминализираат функционерите кои даваат лажни изјави во парламентот и да му се дадат поголеми овластувања на законодавното тело да ја следи власта.

Тензиите беа големи и пред седницата, а пратениците извикуваа и се туркаа пред зградата во Тајпеј.

Работите дополнително ескалираа штом влегоа во салата, бидејќи членовите почнаа да црпат тупаници и да изведуваат боречки потези. На видеата се гледа како пратениците ги напаѓаат своите колешки во неколку случаи.