Во Македонија доаѓа ново невреме

0
116

Според нашата алатка НОТАС, за рана најава на нестабилност и невреме, до крајот на денов и вечерва, како и претстојната ноќ таа прикажува ниво 3 во Македонија, засилен ризик од појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнеа, како и со појава на град.

На повеќе места оваа алатка продвидува ниво 3, па така да бидеме подготвени за ново невреме.

Препорачуваме крајна претпазливост во случај на појава на електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно да се подалеку од дрвјата, известува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk