САДИК Хаџовиќ доживеа тешко детство. Роден е во 1987 година во Босна и Херцеговина, од каде заедно со семејството се преселиле во САД како бегалци во потрага по подобар живот.
Во земјата разурната од војна, суперхероите му беа пример и тој сонуваше да биде како нив еден ден. Тој успеа во тоа. Има 35 години и има учествувано во 18 натпревари на IFBB Pro League во категориите Men’s Physique и Classic Physique. Тој двапати го освои престижниот натпревар во бодибилдинг New York Pro (2013 и 2022 година), како и злато на Arnold Men’s Physique Classic во 2015 година. Исто така, пет пати учествуваше на Mr. Олимпија.
Тој ја зафати Америка, а магазинот Men’s Health беше заинтригиран од неговиот успех и објави статија во која истражува што се крие зад неговата извонредна фигура. Како што пишуваат, станува збор за совршен спој на исхрана и тренинг на кој Хаџовиќ работел долго време.
Мојата цел сега е да ја освојам Олимпија“, изјави Хаџовиќ. А за да успее во ова, тој следи строг режим. Во продолжение дознајте како изгледа еден негов ден.
Рутината на Хаџовиќ се состои од неколкуминутно одење на лента за трчање, изведување кратки движења и кревање тегови. Тој тренира пет дена во неделата: нозе во понеделник, гради и трицепс во вторник, грб во четврток, гради и раменици во петок, а грбот и бицепс во сабота.
„Луѓето не тренираат доволно напорно. Или им треба премногу одмор помеѓу сериите или само повторуваат. Мора да кренете тежина што е малку непријатно. Ако можете да направите 10 повторувања и да не останете без здив, навистина не тренирам“, тврди тој.
Хаџовиќ јаде како типичен бодибилдер. За енергија се потпира на големи количини на протеини и лесно сварливи јаглехидрати. Освен една лажица путер од јаткасти плодови, целата маснотија што ја консумира доаѓа од храната што ја јаде.
View this post on Instagram
За појадок јаде јајца, поточно – осум белки и една жолчка. Покрај тоа, јаде 2/3 шолја овес и половина шолја боровинки. Вториот оброк во денот се пилешки гради и компири, слично како и третиот оброк во кој само компирот се заменува со ориз.
Четвртиот оброк е протеински шејк после тренинг, а петтиот е говедско месо со ориз. Денот завршува исто како што започнува, со осум белки и една жолчка и една лажица путер од бадем.
Вкупно дневно внесува 2111 калории, односно 251 грам протеини, 154 грама јаглени хидрати и 47 грама масти.
index.hr