Калиопи: Ова е најтажниот ден во мојата кариера…Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт,загубивме еден живот

Македонската пејачка Калиопи вчеравечер требаше да одржи концерт во салата „МТС“ во Белград, но таа го одложи истиот откако на една жена во публиката ѝ се слоши и за жал почина.

Жената која пристигнала на концертот со другарките и ќерката, изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош. На несреќната жена која има околу 70 години ѝ била извршена реанимација, но безуспешно.

Како што пишуваат српските медиуми, Калиопи видно се потресла и со солзи ја напуштила салата, а концертот бил откажан. Потоа, пејачката отишла во полициска станица за да даде изјава.

По трагичниот настан Калиопи се огласи на својот инстаграм-профил каде изрази сочувство на семејството на починатата жена.

„Ова е најтажниот ден во мојата кариера…Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт,загубивме еден живот…Во мое име и во име на целиот мој тим, изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатата…Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас…Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт…Новиот датум ќе биде објавен наскоро“, напиша Калиопи.