Пецаков: Собраните средства од котизациите на екипите од 7-мо Ноемврискиот хуманитарен турнир за лица со дијабет Тип 1, а од хуманитарните паркинзи за лекувањето на Петар

0
154

Денешниот ден помина во хуманитарен карактер.
Со финален натпревар заврши 7-мо Ноемврискиот хуманитарен турнир во мал фудбал.
Победници на првиот хуманитарен турнир е тимот на АСП ПАК кој во интересен и возбудлив натпревар го победи тимот на МАГНА со 5:2. Малото финале му припадна на тимот на ЈП Водовод кој го совлада тимот на ЈП Охридски Комуналец со 7:1.
Пред почетокот на свеченото доделување на наградите на првопласираните, собраните средства од котизациите на сите 12 екипи кои се во износ од 72000.-денари, ги доделивме на Здружението лица со дијабет Тип 1 од Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Воедно сакам да ја информирам јавноста дека останатите средства собрани од хуманитарните паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие ” Билјанини извори” ги доделивме на Гордана Попоска за поддршка во лекувањето на нејзиниот син Петар. Им посакувам здравје.
Им благодарим на сите учесници за поддршката и хуманоста.

извор: ФБ Кирил Пецаков