Еден од напаѓачите на секретарот за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков ќе одговара дека го нападнал поради омраза, по другиот сè уште се трага. Охридското обвинителство му поднесе обвинение за тешка телесна повреда по членот 131, став 2 кој гласи:
„Тој што ќе го стори делото од став 1 при вршење семејно насилство или од омраза, ќе се казни со затвор од една до пет години“, Објави Телма.
Обвинетиот, заедно со уште едно засега непознато лице за истрагата, од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно го повредиле Пендиков, информираат од обвинителството. Обвинетиот Охриѓанец се бранел со молчење, но до ваков закучок обвинителот дошол врз основа на снимките од видео надзорот, но и изјавите на сослушаните сведоци.
„На 19 јануари, во кафе бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди“, соопштија од ОЈО Охрид.
Обвинителството бара продолжување на притворот на обвинетиот напаѓач, а за другиот инволвиран велат дека сè уште работат на негова идентификација и приведување.
Текстот во целост на: Телма.