Вчеравечер околу 20:20 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот Ф.Т. од Неготино-Полошко, кој претходно бил пријавен од 19-годишна жителка на гостиварско село, со која претходно биле во љубовна врска, дека во стан во Гостивар ѝ извршил обљуба.
Нешто подоцна, при претрес во неговиот дом реализиран со судска наредба биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува поднесок.
извор: МВР