Плусинфо: Каков апсурд, мрежата не може да ја прифати струјата од обновливи извори!?

Инвеститорите во фотонапонски централи и електрани од други обновливи извори на енергија, покрај сложените процедури за реализација на инвестицијата, сега имаат нов проблем како да се вклучат на мрежата и да ја продаваат струјата.

Експерти и активно вклучени стручни лица во инсталирањето на фотонапонските централи велат дека е потребно итно адаптирање на електричната мрежа за да се прифати секој произведен киловат струја и да не се дозволува инвеститорите да чекаат, а земјата да троши пари за увоз на струја, објави plusinfo.mk.

Проблемот е детектиран и во државниот преносен систем (МЕПСО) кој треба да ги вклучи во системот централите од обновливи извори на енергија со јачина повисока од 10 мегаватчасови. Во тек е изработка на студија која треба да покаже како да се справат со проблемот која треба да биде готова во март годинава. Во меѓувреме директорот на МЕПСО Орхан Муртезани предлага инвеститорите во фотоволтаици да инсталираат во батерии односно сториџи (систем за складирање на струја) во кои би ја чувале струјата и би ја пуштале во мрежата кога ќе има потреба, но и кога цената на струјата ќе биде поволна за инвеститорот.

Преносниот систем ќе се пребукира, ако се приклучат сите

Според одделни податоци има неверојатно голем интерес за изградба на фотоволтаици и ветерници од домашни и странски инвеститори.

Производството на струја од обновливи извори, кое треба да се приклучи на мрежата, е 8 пати поголемо од потрошувачката на земјава во периодот на таканаречениот пик. Само лани до МЕПСО, кој ги приклучува електраните од обновливи извори кои произведуваат струја над 10 мегаватчасови, се доставени 43 барања од 5.142 мегавати, а дополнително се очекуваат уште 8.000 мегавати кои треба да се вклучат во мрежата.

Моментно за приклучок на преносната мрежа чекаат три фотоволтаици со сила од 150 мегавати (во Новаци и 2 фотонапонски централи во Осломеј) и една ветерница од 44 мегавати.

Текстот во целост на: plusinfo.mk