Застарува и предметот „Змиско око”- Обвинетите ќе бараат отштета по сите ставки

Обвинителството предложи до судот да донесе одлука за застареност на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, на денешното рочиште за предметот „Змиско око”.

Обвинетите најавија барања за отштета по сите ставки.

Предметот се води од 2007 година, а најголем дел од обвинетите беа инкасатори на наплатните рампи, кои се товарат дека проневериле милиони евра.

Тие се спасија од обвинението, со последните измени на Кривичниот законик.

извор: република