Мицкоски и другите премиери од Западен Балкан го потпишаа Акциониот план за заеднички регионален пазар

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денес заедно со останатите премиери на држави од земјите на Западен Балкан вклучени во Берлинскиот процес, го потпиша Акциониот план за заеднички регионален пазар за 2025-2028 година.

Со ова отвораме нови можности, за нови капацитети и потенцијали за македонските компании и субјекти. Отвораме врати за зголемен развој, истакна Мицкоски.