12- годишното повредено дете во Велес не се сеќава на ништо и не кажува никаква инфомација

Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ.

– Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден му се врати свеста, а други лекови не се најдени во крвта. Веројатно било без свест, првично е примено во Велес, а потоа, завчера, е донесено кај нас, појасни таа.

Во саботата околу 13 часот е пријавено дека во велешката Општа болница, со тешки телесни повреди, бил донесен малолетник, кој бил пронајден нa улицата „Алексо Демниевски“. Момчето е со тешки повреди, отворена рана на брада и скршеница на долната вилица.

 

МИА